Итна седница на СБ на ОН за Украина

Франција и Германија побараа состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина каде што украинските сили почнаа да го повлекуваат тешкото оружје од борбените линии и каде што по се изгледа почна да се применува примирјето со проруските сепаратисти. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин, како што јавуваат агенциите, изјавил дека седницата ќе се одржела зад затворена врата. Вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Москва да ја повлече руската воена опрема од источна Украина.