Времето денеска: врнежливо

Во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 13 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.