Новаја газета: Русија имала план за инвазија на Украина

Plan for Ukraine invasion Published by Novaya Gazeta

Рускиот дневен весник „Новаја Газета“ го објави планот, кој наводно му е даден на Кремљ две недели пред да биде соборен претседателот на Украина, Виктор Јанукович, во кој се повикува Русија да поттикне сепаратизам во Украина и да го преземе Крим.

Во вчерашното издание, весникот покажа дека мемурандум бил припремен меѓу 4 и 12 февруари 2014 година, во кој се предлага серија на чекори што Русија треба да ги преземе, за да ја задржи контролата во источна Украина.

Во меморандумет се вели дека украинските олигарски ја загубиле ситуацијата во Киев и на плоштадот Мајдан и дека лидерите на протестите биле водени од полски и британски тајни служби. Во меморандумот се предвидува падот на Јанукович и дека Русија треба да ги користи своите правила врз автономните региони за да ги поврзе Крим и источна Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков сугерираше дека меморандумот е лажен.