САД и ЕУ ја повикаа Русија да ја ослободи украинската пилотка

САД и Европската унија ја повикаа Русија да ја ослободи украинската пилотка Надја Савченко. Ваквите изјави доаѓаат откако Судот во Москва ја потврди одлуката за продолжување на притворот на Савченко до 13 мај. Таа 76 дена штрајкува со глад. Савченко беше заробена во јуни од страна на проруските сепаратисти и беше предадена во Русија, каде е обвинета за учество во смртоносен напад во кои згинаа двајца руски новинари. Савченко ги отфрли обвиненијата и рече дека Русија нема право да ја држи во притвор и кривично да ја гони.