Одбележани 11 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Денеска се обележува 11-годишнината од трагичната смрт на на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Република Босна и Херцеговина. Во авионската несреќа загинаа и осум луѓе, меѓу кои неговите соработници и пилотите.

По повод одбележувањето на годишнината од смртта Траковски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел положија цвеќе членовите на семејствата, министрот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за одбрана Зоран Јолевски и министерот без ресор Неждет Мустафа, како и делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски.