МАН: Објавувањето приватни разговори е кривично дело

Македонска асоцијација на новинари (МАН) по повод, како што велат, настаните поврзани со објавувањето на приватни телефонски разговори од страна на СДСМ, соопшти дека Јавното објавување туѓи приватни телефонски разговори, без потврда за автентичност и согласност на учесниците посочени во разговорот е кривично дело, како и масовно кршење на човековите права, на што неколку пати упати и меѓународната заедница и упати на институциите, како место за решавање на евентуалните проблеми.

„Објавените разговори од страна на СДСМ се употребуваат за партиски потреби, односно подигање на партискиот рејтинг на СДСМ на штета на законот и основните човекови права, стои во пишаното соопштение и се подвлекува дека МАН го осудува ваквото, како што велат, партиско манипулирање со јавноста која со кршење на законот се става во функција на партијата. Според МАН, ЗНМ се става во функција на СДСМ како логистика за нивни партиски акции.