Путин: Можно е прекинување на испораката на гас за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин, предупреди дека Украина се соочува со прекинување на испораката на природен гас, со што во Европа би можело да има недостаток на гас, истовремено велејќи дека иклучувањето на испораката на гас од страна на Киев во сепаратистичките делови на источна Украина, „потсетува на геноцид“. Путин истакна дека Русија се надева оти нема да запре испораката на гас во Украина, но дека тоа зависи од финансиската дисциплина на Киев. Руската државна компанија Газпром, вчера соопшти дека на 26 февруари ќе ја запре испораката на гас за Украина, доколку Киев не направи претплата за повеќе гас. Но, украинската енергетска компанија Нафтогаз соопшти дека добил само половина од гасот кој го платиле и дека нема да платат за нова испорака дедека не го добијат платениот гас.