СЗО повика да се заслили вакцинацијата за мали сипаници во Европа

Светската здравствена организација соопшти дека вакцинацијата за мали сипаници мора веднаш да се засили низ Европа и централна Азија. Европскиот директор на СЗО, Сузана Јакаб денеска рече дека била изненадена поради бројката од повеќе од 22 илјади случаи на заразната болест на почетоткот од 2014 година. Најмногу случаи били забележани во Киргистан, БиХ, Русија, Грузија, Италија, Германија и Казахстан. Изјавата доаѓа откако во Берлин почина бебе од мали сипаници и се отвори дебата дали вакцините треба да бидат задолжителни.