ЕУ наскоро ќе ги објави резултатите од истрагата на Газпром

Комесарот за енергетика на Европската унија, Марош Севкович вели дека Европската комисија за неколку недели ќе ги презентира резултатите од нејзината истрага на Газпром. Европската комисија започна истрага на државниот енергетски гигант во 2012 година по д сомнение дека ја злоупотребува својата доминација на пазарот во неколку источни земји членки на ЕУ. Брисел особено истражува дали Газпром го попречува слободниот проток на природен гас ноз Европа и дали со тоа наметнува повисоки цени со поврзување на цената на гасот со цената на нафтата.