Загинаа 28 луѓе во лавини во Авганистан

Afghanistan.

Во серија лавини предизвикани од обилните снежни врнежи, загинааа 28 лица во североисточниот дел на Кабул, во авганистанската планинска провинција Паншир. Официјалните лица денеска соопштија дека десетици луѓе се исчезнати, а бројот на жртвите се очекува да расте. Поради обилните снежни врнежи два дена беа блокирани главните патишта во провинцијата, што ја отежнува работата на спасувачите да стигнат до погодените места. Шефот на провинциската полиција Абдул Азис Гарат, рече дека во неколку области куќите биле затрупани под снег. Во соседниот Таџикистан, властите вчера изјавија дека во лавини предизвикани од обилните снежни врнежи загинале пет лица.