Делегација на европските социјалисти во посета на Македонија

Илустрација

Делегација на Партијата на европски социјалисти, предводена од претседателот Сергеј Станишев, престојува во посета на Македонија каде попладне, како што е најавено, ќе се сретне со раководството на СДСМ.
Во составот на делегацијата се и Ричард Ховит, член на Европскиот парламент, Џакомо Филибек, заменик генерален секретар, генералниот секретар на младите европски социјалисти и претставници на други партии-членки на европските социјалисти.
Посетата, како што информира СДСМ, е поради загриженоста на тие Партијата на европски социјалисти во врска со состојбите во Македонија.
Партијата на европски социјалисти ги обединува европските социјалдемократи, социјалисти и лабуристи.