АИ: глобалниот одговор на кршењето на правата, срамен и неефикасен

Амнести интернешнал соопшти дека 2014 била катастрофална година за милиони луѓе и го осуди, како што оценува, срамниот и неефикасен глобален одговор на конфликтите и кршењата на човековите права од страна на владите и вооружените групи. Во годишниот извештај за Состојбата со човековите права во светот, Амнести интернешнал бара од владите да запрат да се преправаат дека заштитата на граѓаните е надвор од нивната моќ и да прифатат основни промени во начинот на кои се справуваат со кризите. Во извештајот се осудуваат двете страни во конфликтот во источна Украина за ситуацијата со цивилите таму. Исто така се наведува дека во минатата година вооружени групи вршеле злоупотреби во 35 земји, а како голема опасност се посочуваат милитантите на Исламската држава.