Грција понуди предлог реформи за продолжување на заемот

Европската комисија соопшти дека Грција „на време“ поднела листа со предлози со економски реформи до своите кредитори. Во писмото пратено до претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблем, Атина предлага гаранции дека нема да отстапи од фискалните цели и реформите. Исто така е ветено дека нама да се јават поништувања на веќе реализираните приватизации или оние кои се во тек, и дека борбата против, како што владата ја нарекува, „хуманитарната криза“, нема да има негативни фискални ефекти.

Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија треба да ја одобрат листата, за да и обезбедат на Грција заем за четири месеци и продолжување на програмата за помош од 240 милијарди евра. Премиерот Алексис Ципрас, беше избран од грчките гласачи поради ветувањата дека ќе ги врати назад политиките за штедење договорени од претходната влада.