ИД киднапирале десетици христијански Асиријци во Сирија

Милитантите на Исламската држава наводно киднапирале најмалку 70 христијански Асиријци, во неколку села во североисточна Сирија. Милитантите вчера ги преземале христијанските асиријски села од курдските сили во близина на градот Тал Тамр во провинцијата Хасаке.

Шефот на групата активисти која е фокусирана на прашањата на религиозните малцинства, Нури Кино рече дека милитантите киднапирале меѓу 70 и 100 милитанти. Британската опсерваторија за човекови права во Сирија соопшти дека се киднапирани 90 Асиријци. Милитантите на Исламската држава ја презема контролата врз големи делови во северна Сирија и западен Ирак.