Бунтовниците продолжуваат со напади во источна Украина

Украински воен претставник вели дека проруските сепаратисти продолжуваат со напади врз владините позиции и го кршат договорот за прекин на огнот. Во телевизиските коментари портпаролот на армијата Анатоли Стелмах, изјави дека силите на сепаратистите вчера седум пати извршиле напади врз села во близина на стратегискиот град Дебалцеве.

Стелмах рече дека сепаратистите истрелале артилериски и минофрлачки гранати во близина на Доњецк и се бореле против владините сили во близина на Мариупол. Договорот за прекин на огнот во посредство на лидерите на Германија и Франција предвидуваше двете страни да го повлечат тешкото оружје, но владините сили вчера соопштија дека не можат да започнат со повлекувањето, бидејќи бунтовниците се уште извршуваат напади.