САД со прв пратеник за правата на ЛГБТИ заедницата во светот

Соединетите држави наименуваа прв меѓународен пратеник за правата на ЛГБТИ заедницата. Стејт департментот соопшти дека Ренди Бери ќе биде првиот специјален пратеник кој ќе ги промовира правата на оваа заедница. Станува збор за ветеран во американската дипломатија кој на оваа функција доаѓа од позицијата генерален конзул во Амстердам. Американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека Бери ќе и помогне на администрацијата на претседателот Обама да ги стави правата на ЛГБТИ заедницата на површината на напорите за подобрување на човековите права во светот.