САД и Русија се судрија во ОН за конфликтот во Украина

Соединетите држави и Русија разменија обвинувања на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации главно околу конфликтот во Украина. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Советот за безбедност станал алатка за запечатување на одлуките донесени од западните земји. Тој ги обвини Соединетите држави за, како што рече, „непријатни методи вклучувајќи го и неуставниот државен удар во Украина пред една година“.Тој исто така ги цитираше и западните интервенции во Сирија, Либија и Ирак како кршење на повелбата на Обединетите нации. Американскиот амбасадор во Светската организација Саманта Пауер пак го оцени за лицемерен рускиот повик за поголемо почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет.