Литванија предупредува од ширење на руската пропаганда

Lithuania -- Vilnus.

Безбедносните сили на Литванија предупредија дека Русија ги засилува напорите за ширење на „пропаганда“ низ медиумите во Балтичките земји и на интернет. Одделот за Државна безабедност на литванија соопшти дека повеќе од очигледни се напорите на Русија за што е можно повеќе ширење на информации и пропаганда за војна преку литванските традиционални медиуми, медиумите на интернет и социјалните мрежи. Институцијата повика новинарите да се спротистават на провокациите на Русија. Литванија е меѓу групата земји на ЕУ која во јануари повика да создадат алтернативи на руските „дезинформации“, кои имаат цел да се спротистават на западните критики во врска со војната во Украина.