Ерменски граничар исчезнал на границата со Русија

Полицијата во Ерменија денеска соопшти дека исчезнал ерменски граничар кој бил на служба со руски граничари во градот Гумри. Од ерменската полиција велат дека 26 годишниот, Артур Афиан бил на служба во договор со руските граничари, и е исчезнат од 21 февруари. Тие рекоа дека тој добил одобрување да ја напушти својата единица за да посети роднини во близина на селоти Гумри, но потоа не се вратил. Тој бил невооружан. Гумри е на страната на руската воената база во Ерменија, главното стратешко упориште на Москва во Јужен Кавказ.