Разговори на високо ниво за иранската нуклеарна програма

Државниот секретар на САД, Џон Кери и иранскиот Министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, втор ден разговораат за нуклеарната програма на Техеран, барајќи начин да се намали јазот пред крајниот рок за потпишување на рамковниот договор меѓу Иран и шесте глобални сили.

Кери и Зариф, заедно со американскиот Секретар за енергетика, Ернст Мониз и иранскиот шеф за нуклеарната програма, Али Акбар Салехи, денеска повторно се сретнаа во Женева, откако вчера разговараа два часа.

САД, Русија, Кина, Британија, Франција иа Германија бараат договор со Техеран, кој ќе ја стави под контрола никлеарната програма на Иран, за која западните влади стравуваат дека има за цел да произведе оружје, во замена за ослободување од економските санкции. Шесте сили и Иран бараат политичка рамка до крајот на март и целосен договор до 30 јуни.