Европскиот совет разгледува нови санкции против Русија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека иницирал консултации со лидерите на Европската унија за можноста за проширување на санкциите против Русија поради нејзината политика во Украина. Тој ова го изјави вчера во Киев каде што ја посети изложбата на која беше претставена руска воена опрема запленета од украинските сили за време на борбите во источна Украина. Туск учествуваше и во маршот по повод првата годишнина од отстранувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. На маршот учествуваа и претседателите на Германија, Литванија, Молдавија и Полска.