Самоубиствен бомбашки напад во Сирија, 4 жртви

Сириската организација за човекови права соопшти дека најмалку четири лица загинале во напад на бомбаш самоубиец, кој возел амбулантно возило во градот Кардаха, од каде потекнува претседателот Башар Ал Асад. Според организацијата, во екслозијата загинале две жени, двајца војници и напаѓачот и неговиот соучесник. Нападот се случил на паркингот крај една болница во градот.