Украина-Експлозија за време на марш во Харкив

Слика од преносот во живо по експлозијата на маршот во Харкив.

Украинското министерство за внатершни работи соопшти дека во експлозија за време на марш во источниот град Харкив, кој е под контрола на власта загинало едно лице, а 10 биле повредени. Маршот беше по повод одбележувањето на едногодишнината од соборувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Харкив е одалечен околу 200 километри од борбениот фронт.