Меркел со папата разговарала за Украина

Германската канцелрка Ангела Меркел и папата Францис

Германската канцелрка Ангела Меркел за време на нејзината посета на Ватикан разговарала со папата Фрaнцис за дипломатските напори околу прекинувањето на војната во источна Украина. Меркел, која имаше клучна улога во последните преговори за постигнување примирје имала приватна аудиенција кај папата.

Според соопштението на Ватикан, на средбата тие ја нагласиле својата посветеност за пронаоѓање мирно решение за ставање крај на конфликтот. Тие разговарале и за сиромаштијата, женските права, здравствени прашања и за животната средина, теми кои се на агендата на самитот Г8, чиј домаќин ќе биде Германија во јуни.