Протест на револтирани граѓани пред владата

Околу стотина граѓани протестираат денеска пред Владата,за да го изразат својот револт од прислушувањата на илјадници граѓани,изживувањето со Љубе Бошкоски, убиството на Мартин Нешкоски и местењето судски одлуки. Протестот уследи по објавата на третата „бомба“ од страна на опозицијата. Насобраните граѓани извикуваат „Нема правда , нема мир“, „Оставка“, „Убијци“, а во рацете носат транспаренти „Слобода за Љубе, слобода за Македонија“, „Одете си, оставка“, а со овие пароли е излепена и оградата пред владата. Демонстрантите велат дека се организирале преку социјалните мрежи.

На последната прес конференција на СДСМ, лидерот на опозицијата Зоран Заев откри прислушувани разговори, во кои според него, се се слушаат гласовите на министерката Гоедана Јанкулоска и портпаролот на МВР Иво Котевски кои спомнуваат и убиено дете на плоштад, најверојатно мислејќи на Мартин Нешковски. Во другите разговори, според опозицијата, се слуша како шефот на тајната полиција Сашо Мијалков го договара медиумското омаловажување на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски со уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас и со сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов.

Вчера вечер пред Владата се собраа стотина граѓани, како реакција на таканаречената трета бомба на Заев.