Франција бара контрола на терористичката пропаганда на интернет

Министерот Бернард Казеневе

Француското министерство за вантрешни работи соопшти дека побарало од Гугл, Фејсбук и Твитер да ја отстранува терористичката пропаганда на нивните сајтови, кога властите ќе ги алармираат за нејзиното постоење. Министерот Бернард Казеневе се сретнал со претставниците на интернет пребарувачот и социијалните мрежи за време на неговата посета на Силиконската долина и Сан Франциско. Тој изјави дека се надева оти средбата е првиот чекор во градењето на јака врска помеѓу технолошките компании и француските власти.