Грчката опозиција се противи на договорот со кредиторите

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос изјави денеска дека новата грчка влада подготвува меморандум број три со кредиторите. Според него, преговорите ја враќаат Грција километри назад. Ванизелос истакна дека Владата требало да ги следи нивните позиции и наместо спасувачката програма да ја продолжува за четири месеци требала да договори превентивна кредитна линија. Никаква пропаганда и никакви пируети не поминуваат пред очигледниот факт, дека власта лажеше и продаваше илузии, посочи Венизелос.