Девалвација на валутата во Азербеџан

Азербеџанската валута манат

Централната банка на Азербеџан нагло ја девалвираше валутата на земјата наспроти доларот и еврото. Стапката на валутата манат е 1.05 наспроти доларот и 1.19 наспроти еврото. Тоа значи дека манатот изгуби 33.5 и 30 проценти од својата вредност во однос на американската и европската валута. Според банката, девалвацијата е со цел да се стимулира економијата, конкурентноста и извозот на земјата, како и да се задржи стабилноста на билансот на плаќања. Азербеџан е погоден од остриот пад на цените на нафтата, што претставува главен извоз на земјата.