Картер во посета на Авганистан

Новиот секретар за одбрана на САД, Ештон Картер

Новиот секретар за одбрана на САД, Ештон Картер пристигна во Авганистан во ненајавена посета на земјата. Тој изјави дека сака да разговара со авганистанските и американските претставници во земјата со цел да обебеди долгорочен успех по повлекувањето на војската на САД.

Американската војска ја заврши својата борбена мисија во декември минатата година, но мал број на војници останаа за да ги тренираат авганистанските колеги и да спроведуваат антитерористички напади врз екстремистичките групи.