Шпигел: ЕЦБ се подготвува за излегување на Грција од еврозоната

Електронското издание на Шпигел денеска објави дека Европската централна банка се подготвува за излегување на Грција од еврозоната. Финансискиот регулатор веќе разработувал анализи како да се спречи „домино ефект“ по евентуалното излегување на Грција од валутната унија. Во ЕЦБ спроведуваат внатрешни „вежби“ на тема зачувување на единството на останатиот дел од еврозоната, пишува весникот.

ЕЦБ и покрај тоа што негира, ја притиска Атина да воведе мерки за контрола на движењето на капиталот бидејќи според нив, во странство се префрлени над една милијарда евра. ММФ пак оценува дека останатиот дел од еврозоната ќе може да се справи со излегување на Грција од еврозоната. Шпигел додава дека според Фондот, излегувањето на Атина од еврозоната ќе биде поврзано со многу повисоки расходи отколку ако државата ги продолжи почнатите реформи.