Кери во Женева на преговори со Иран

Официјален Вашингтон соопшти дека американскиот државен секретар Џон Кери во текот претстојниот викенд ќе се сретне со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф во Женева каде што денеска почнуваат преговорите за нуклеарната програма на Иран. До оваа средба доаѓа откако вчера Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Техеран не обезбедил информации во врска со иранските активности за збогатување ураниум.