Најавени операции за преземање на Мосул

Висок американски воен претставник изјави дека во април или мај ќе биде покрената операција за преземање на вториот по големина ирачки град Мосул од рацете на милитантите на Исламската држава. Во операцијата ќе учествуваат 12 ирачки бригади со 25 илјади војници. Во нив ќе бидат вклучени и околу 2 илјади војници кои биле тренирани од американските специјални сили. Милитантите на Исламската држава го освоија Мосул во јуни минатата година и според оценките во него имало од илјада до две илјади милитанти.