САД ќе поттикнат глобална акција против милитантите

Американскиот претседател Барак Обама на третиот, последен ден од Самитот на Белата куќа против насилниот екстремизам изјави дека Соединетите држави ќе бидат силен партнер во помагањето да се неутрализираат групите како Исламската држава. Обама изложи листа на приоритети во борбата против, како што рече, „искривените идеологии“ на Исламската држава и Ал Каеда. Меѓу приоритетите се соработка на владите против странски борци, затворање на финансиските извори на екстремистичките групи и промовирање демократија и слободни избори.