Грција и Германија на состанок на еврозоната

Министрите за финансии на еврозоната на денешниот состанок треба да решат за грчкото барање за шестмесечно продолжување на финансиската поддршка на Грција. Заемот, според грчките власти, нема да биде обновување на сегашниот спасувачки пакет кој содржи остри мерки за штедење. Германија која е најголем финансиер на пакетот вреден 240 милијарди евра вчера соопшти дека го отфрла грчкото барање за продолжување на помошта без условите за штедење. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека не станува збор за суштински предлог. Претходно пак, Европската унија предлогот на Грција го оцени како позитивен. Грција се соочува со банкрот доколку до крајот на февруари на најде компромис околу финансиската помош.