Обама: САД војуваат против тероризмот не против исламот

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави не се во војна со исламот, туку со луѓето кои ја искривуваат религијата. Говорејќи на тридневниот самит на Белата куќа против насилниот екстремизам Обама рече дека одговорни за тероризмот не се верите, туку луѓето. Тој додаде дека лидерите на милитантите на Исламската држава не се верски лидери туку терористи. На самитот во Вашингтон учествуваат делегации од 60 земји, а беше свикан по серијата брутални напади во Европа и на Блискиот Исток.