Средба меѓу студентите и Министерството за образование

За денеска на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е најавена средба меѓу претставници на студентите, кои од пред неколку денови имаат прогласено автономни области во десетина факултети во земјава и на Министерството за образование. Студентскиот пленум останува на ставот дека треба да се подготви нов закон за високо образование во кој нема да има државен испит. Од Пленумот повторуваат дека нема да се повлечат се до исполнувањето на нивните барања.