Стотици илјади Аргентинци на протест за правда

Над 400 илјади луѓе маршираа молкум во Буенос Аирес поради сомнителната смрт на обвинителот кој се подготвувал да ја обвини претседателката на Аргентина за прикривање податоци. Обвинителот Алберто Нисман кој подготвувал обвинение против претседателката Кристина Фернадез за вмешаност во заговор за прикривање на улогата на Иран во најголемиот терористички напад во таа земја, пред еден месец бил пронајден мртов во неговиот дом. Тој го истражувал бомбашкиот напад што во 1995 година беше извршен врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес во кој загинаа 85 луѓе.