Јанкулоска во Вашингтон на Самит против насилниот екстремизам

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со претставници од 60 држави како дел од антитерористичката коалиција од денеска ќе учествува на тридневниот „Самит за борба против насилниот екстремизам“ што ќе се одржи во Стејт Департмент, по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама. Целта на Самитот е да се развие агенда за делување и соочување со феноменот на насилниот екстремизам, преку поврзување на претставниците на националните и локални влади од целиот свет. На Самитот ќе се обратат американскиот претседател Барак Обама, државниот секретар Џон Кери и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Предвидено е обраќање да има и министерката Јанкулоска.