Закажан нов состанок меѓу САД и Куба

Претставници на Соединетите држави и на Куба на 27 февруари во Вашингтон ќе одржат втора рунда разговори за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти Стејт департментот. Претседателите Барак Обама и Раул Кастро на 17 декември минатата година најавија целосно обновување на дипломатските односи што би требало да почне со отворање на амбасади во двете земји. Првиот состанок беше одржан кон крајот на минатиот месец во Хавана. Во меѓувреме, Обама побара од Конгресот да започне процедура за ставање крај на ембаргото врз Куба воведено во 1962 година.