Претседавачот на ОБСЕ Ивица Дачиќ во Скопје

Ивица Дачиќ

Сегашниот претседавач на ОБСЕ и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во Македонија. Тој ќе има средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми. Министерот Дачиќ ќе ја посети Мисијата на ОБСЕ и ќе се сретне со Амбасадорот Ралф Брет. По средбата со премиерот Груевски и министерот Попоски, претседавачот на ОБСЕ ќе даде изјава и ќе одговара на новинарски прашања.