Времето денеска: ведро и студено

Во Македонија изутрина ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од еден до осум степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до седум степени.