Грузија бара екстрадиција на Саакашвили од Украина

Тбилиси ги повика украинските власти да го екстрадираат поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили. Во денешното соопштение на грузиското Обвинителство се вели дека исто така треба да биде екстрадиран и поранешниот министер за правда, Рудаб Адешвили, кој е моментално во Украина заедно со Саакашвили. Грузиските власти ги бараат двајцата поранешни функционери за обвиненија за измама, организација на насилство и злоупотреба на службената должност. Саакашвили ја напушти Грузија по завршувањето на неговиот претседателски мандат во ноември 2013 година.