Најмалку 10 полицајци загинаа во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 10 полицијаци се убиени откако милитанти нападнаа полициска станица во провинција во источен Авганистан. Портпаролот на провинцијата Логар, Дин Мохамед Дарвиш, изјави дека во денешниот напад биле вмешани четири бомбаши самоубијци. Дарвиш рече дека осум полицајци биле повредени. Нападот во провинцијата Логар, беше последниот врз авганистанските безбедносни сили кој се случи надвор од Кабул, во пресрет на повлекувањето на странските војници од земјата. Нападот се случи неколку часа откако талибанските милитанти убија шест полицајци, при напад на контролен пункт во јужната провиција Кандахар.