Путин во Унгарија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја посети Унгарија. Тоа е прва негова посета на една земја на Европската унија од јуни минатата година. Вчера илјадници Унгарци протестираа во Будимпешта против посетата на Путин. Тие бараа од премиерот Виктор Орбан да престане да ја „путинизира Унгарија“. Унгарскиот лидер сака нов договор со Русија за долгорочно снабдување со гас на земјата со оглед на тоа што стариот истекува оваа година.