Можен договор меѓу еврозоната и Грција

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси на денешната средба на Евогрупата изјави, дека е можно да биде постигнат договор меѓу еврозоната и Грција за продолжување на програмата за финансирање на Атина. „Ќе има дискусија, која знам дека ќе биде тежок, но уверен сум дека ќе заврши успешно, изјави Московиси пред почетокот на средбата на министрите за финансии на еврозоната.“ Московиси оцени дека ако „постои капацитет и желба, можно е да има и резултати“, отфрла јќи ги како неточни информациите дека се подготвува нова програма за помош на Грција. Одговорноста и солидарноста се принципите врз кои ќе работиме со цел да се постигне договор и да се продолжи кон нова фаза меѓу Грција и нејзините партнери, изјави Московиси.