Ерменија го повлекува протоколот за нормализирање на односите со Турција

Претседателот на Ерменија, Серж Саркисјан го повика Парламентот да го повлече протоколот за нормализирање и воспоставување на дипломатски односи со Турција. Во соопштението објавено денеска, Саркисјан рече дека побарал од Претседателот на парламентот, Галуст Сахакин да му го врати протоколот, бидејќи „турскта влада нема политичка волја, го нарушува духот и протоколите и продолжува со политиката на поставување прдуслови.“ Саркисјан исто така рече во пресрет на одбележувањето на 100 годишнината од ерменскиот геноцид во отоманска Турција за време на Првата светска војна, значи добивање на нов импулс во Анкара.