Нетанјаху ги повика евреите да ја напуштат Европа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика евреите кои живеат во Европа да емигрираат ви Израел по последните антисемитистички напади во Данска и Франција. Тој на седница на неговата влада изразил надеж дека тие ќе го послушаат бидејќи како што рекол Израел бил нивниот дом. Во главната синагога во Копенхаген дојде до крвав напад во саботата, еден месец откако четворица евреи беа убиени во Париз.