Италијанската крајбрежна стража спаси над 2 илјади емигранти

Италијанската крајбрежна стража спасила над две илјади емигранти од бродови на Средоземното море во близина на италијанскиот остров Лампедуса. Се прецизира дека емигрантите со 12 бродови доаѓале од Либија. Има наводи дека бродовите биле следени од неколку вооружени лице кои се наоѓале на друг брод. Во минатата година околу 3 илјади и 200 луѓе загинале во обид од Северна Африка да стигнат до Италија.