Временска прогноза - Сончево време со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од пет до 13 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од јужен правец и температура до девет степени.