ОАЕ ја затвора амбасадата во Јемен

Обединетите Арапски Емирати денеска соопштија дека ја затвораат својата амбасада во главниот град на Јемен, Сана, поради зголемувањето на политичката несигурност во земјата. Саудиска Арабија, Италија и Германија вчера соопштија дека ги затвораат амбасадите во Јемен. Пред неколку дена амбасадите во Јемен ги затворија и САД, Франција и Германија, со што се зголемија заканите за меѓународна изолација на земјата во која е сместен најактивниот огранок на Ал Каеда во светот. Претседателот на Јемен минатиот месец поднесе оставка, по неколкумесечната борба за власт со шиитските бунтовници, кои од септември ја држат контролата врз главниот град Сана. Бунтовниците Хаути оттогаш го распуштија парламентот и ги држат претседателот Абед Рабо Мансур Хади и министрите во куќен притвор.